22 годишно момче од Свети Николе почина од компликации предизвикани од коронавирус на скопската клиника, објави порталот Centar.mk.

Трагичниот настан се случил утрово во Инфективната клиника во Скопје.

Оваа информација попладнево ја соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Момчето кое што починало утрово се лекувало во велешката болница, но откако минатата недела дополнително му се влошила здравствената состојба итно било пренесено во скопските клиники, каде денес ја загубило битката.