Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишник и 19-годишник од Делчево, 26-годишник од Скопје, 22-годишник, 20-годишник и 20-годишник од Делчево и 20-годишник од с.Разловци, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 05.08.2026 пред угостителски објект во Делчево, пријавените физички го нападнале 24-годишник од Пехчево, при што првопријавениот со стаклен предмет му нанел расекотина.