„Дисквалификациите нема да бидат мој метод на кампања во делот на спротивставување со противникот. Треба да покажеме дека сме луѓе, бидејќи политиката се базира на дијалог на различни мислења, поткрепени со факти и секогаш за доброто на граѓаните“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека има одредени поклопувања на програмите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и дека пред граѓантие треба да се покаже што сакаат и што би направиле, наспроти водење на црни кампањи.

„Црните кампањи и навредите не се целта на изборите, затоа и се викаат избори – граѓаните да изберат што е подобро за нив“ рече Лукаревска.