„Можам да кажам дека кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски заслужува и ќе го добие следниот мандат. Тој обединува, има свој личен интегритет и навистина одлично ја менаџира функција. Тоа мора да го покаже и повтори во следниот мандат“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека Пендаровски не покажал никакви двојби и не ги дели граѓаните по еден или друг основ, но што е најбитно тој е присутен во промоцијата на европската агенда, која е заштитен знак на СДСМ и коалицијата и секој што ѝ мисли добро на државата.

„Очекувам претседателските избори да покажат дека СДСМ го има избрано најдоброто и сето тоа ќе се преслика и на парламентарните избори“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ и носителката на ИЕ3 рече дека резултатот од првиот круг на претседателските избори ќе биде ветер во грб за секоја партија, како ќе се позиционира за вториот круг од изборите.