„Посочените мои партиски другари, за кои беа лиферувани информации, беа присутни и на Извршниот и на Централниот добор, имаа свои дискусии и беа и на Конгресот. Битно е пред да се објави било што да се направи проверка. Не е добро во овој период да бидеме дел од сензационализам што ќе прави штета на некоја партија“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека доста често има шпекулации за разединетост и некакви струии во СДСМ, што не е точно и порача дека треба да се излезе од таквите кујни.

„Тоа е неточна информација и чиста лага. Пред се можам да кажам дека внатре имавме навистина одлична дебата, како што сме имале и претходни години за вакви клучни и битни прашања“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ додае дека ако некој има различни мислење не значи дека има разединување.