Граѓаните ги препознаваат успешните и ефикасни политики на СДСМ, затоа СДСМ денес е повторно на победничките патеки, а најдобар доказ за тоа е убедливата победа пред само два месеци, овде во Маврово и Ростуше, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

„СДСМ 31 година е на вистинската страна на страната на граѓаните, на страната на државните интереси. Така е и денес кога со одговорните политики кончено ги започнавме проговорите со ЕУ, но и кога со навремени и ефикасни мерки им помагаме на граѓаните и компаниите во време на најголема светска економска и енергетска криза.“ истакна Лукаревска.

Заменик претседателката посочи дека во последните неколку месеци над 750 милиони се одвоени за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата.

„Таа помош е постојана и продолжува низ различни форми. Обезбедивме фиксна цена на електричната енергија која е двојно помала од актуелната пазарна цена за училиштата, болниците, но и за производителите на основните прехранбени производи. Веќе гледаме дека има намалување на некои производи, а се очекува дека во периодот пред нас цените на лебот, на млекото и млечните производи, на месото и зејтинот ќе се намалат и за 10 отсто, што ќе значи помали трошоци за семејствата.“ порача Лукаревска.

Осврнувајќи се на дејствувањето на опозицијата, Лукаревска истакна дека очигледна е разликата помеѓу одговорниот и државнички пристап на СДСМ и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои стануваат заложници на Левица и затоа стануваат се поекстремни во блокадите и обидите да го попречат напредокот на евроинтеграциите на државата.