„Можеби за многумина е изненадување, но ние во СДСМ, преку континуиран процес на дебата, анкети, го слушавме и мислењето на граѓаните, како и и на членовите на општинските организации, за да на крајот се направи соодветен распоред на носители и комплетирање на пратеничките листи. Голема е обврската и одговорноста, како и предизвик да се биде носител во ИЕ 3, заедно со Љупчо Николовски,“рече заменик претседателката на СДСМ и носител на ИЕ 3, Сања Лукаревска во емеисијата Клик плус на ТВ 21.

Таа го негираше наводното незадоволство од одредени членови на партијата кои не се дел од пратеничките листи.

„Самите мои партиски другари, кои беа наведувани во некои медиуми дека го напуштиле центаралниот или извршниот одбор, истите и го демантираа сето тоа, преку статуси на социјални медиуми и изјави,“ рече Лукаревска.

Таа посочи и дека долг временски период граѓаните се сведоци на извртени факти и вести. Таа порача дека е потребна поголема внимателност во пренесувањето на информациите особено овој предизборен период.

„Ние политичарите ја имаме најголемата обврска и одговорност, пред граѓаните се претставиме во едно позитивно светло. Да претставиме дека може да има фер кампања. Да ги соочиме аргументите, програмите, сите наши идни предизвици, и така граѓаните да го направат својот избор,“ рече Лукаревска.