Летото е сезона на едноставни закуски и освежителни овошја.

Комбинирајте ги тие две компоненти и уживајте во леден десерт за кој ќе ви бидат потребни само две состојки.

Состојки:

лубеница по желба

малку нане

сок од еден лимон (по избор)

Подготовка:
Издлабете ја лубеницата, исчистете го месото од коските, па ставете ја во блендер и изблендајте ја. За тоа време втријте ги меѓу прстите свежите листови нане и исечкајте ги или додајте ги во лубеницата на парчиња. Со триење, нането ќе извади побогати вкусови кои ќе го направат вашиот сладолед уште повкусен.

Покрај нане и лубеница, во сладоледот можете да додадете и сок од еден лимон, што ќе додаде прекрасна киселинска нота. Кога ќе ги измешате сите состојки, ставете ги во калапи за сладолед или пластични садови и ставете ги во замрзнувач.

Оставете го сладоледот да отстои неколку часа за да се стегне. Послужете веднаш по вадењето од замрзнувачот.