Овие топчиња може да ги направи секој. Многу лесно се прават и се готови за миг. Една од состојките се бисквитите Орео, кои на овие топчиња им даваат посебна арома.

Состојки:

200 грама Орео бисквити

100 грама полномасно крем сирење на собна температура

250 грама млеко или темно чоколадо

Подготовка:

Бисквитите ставете ги во блендер и исечкајте ги, па додајте го крем сирењето и сè убаво измешајте. Потоа од смесата со раце направете мали топчиња и наредете ги на мрсна хартија. Топчињата ставете ги во фрижидер половина час.

На крај стопете го чоколадото во микробранова печка – повремено мешајте за да биде целосно мазно. Со вилушка секое топче натопете го во чоколадото, ставете ги на чинија и ставете ги во фрижидер 15 минути. На крајот можете да ги декорирате со бисквитни трошки.

Совет: Овие топчиња се одлични во комбинација со бело чоколадо.