СДСМ е кола којашто вози во Вашингтон и Брисел, од друга страна кај ДПМНЕ што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

-Ако погледнете во годините наназад ние ветивме интеграција на државата во НАТО, испорачавме. Споредете го тоа со една кола која што ја гледате. Тоа е кола која што ве вози во Вашингтон каде што се депонирани потписите за членството во НАТО. Тоа е кола која што обезбеди почнување на преговорите со ЕУ, ве води во Брисел. Тоа е кола која што овозможи над 600 евра просечна плата во државата. Која овозможи 50% зголемување на минималната пензија. 50% зголемување на просечната пензија, намалување на невработеноста од 24% на 13% и дополнително 2% во текот на идната година. Највисоки капитални инвестиции во историјата на државата. Ние за 2 години 2022 и 2023 ќе имаме една милијарда капитални инвестиции реализирани. Тоа е кола која што го реализира Коридорот 8 и впрочем тоа е кола која што вреди да се има. Од друга страна што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече Ковачевски.