Правосудството е независно а Владата само создава услови за унапредување на нивната работа, рече во интервју за Сител телевизија, премиерот Димитар Ковачевски.

Тие институции не се во рамките на Владата, се работи за обвинителството и судството, така да за сите изјави и за сите елементи и факти во однос на тие процеси единствено тие се тие кои што ќе можат да дадат додатна информација, вели премиерот Ковачевски.
„Јас секогаш сум имал став во однос на работата и на обвинителството и на судството, тие според нашето уредување се независни во извршувањето на своите надлежности. Она што Владата има обврска да го направи тоа е да подготви соодветни законски решенија кои што ги има направено преку Министерството за правда и нормално изгласани во парламентот. Второ, да обезбеди независен буџет, што исто така го има направено. Трето, да обезбеди соодветна ренумерација на кадрите во обвинителството и судството, што исто така го има направено. Во време на најкризна година. Платите во овие институции беа зголемени. Исто така капиталнитее инвестиции воопшто не беа намалени ниту за судството, ниту за обвинителството, дури напротив за судството веќе се почнати инвестициите за дигиализација на судниците, сите судници и за воведување на систем за интеропарабилност за поврзување на судството со 7-те институции со кои што најмногу разменуваат информации.“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за Сител телевизија.