Претседателот Димитар Ковачевски на тематската трибина „Резултати што прават разлика“ порача дека зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и дека веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна.

„Со новите капацитети од обновливи извори што се изградени за само 16 месеци, може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 грдови, или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок РЕК Битола. Вака изгледаат резлутатите кога Владата предводена од СДСМ ја спороведува енергетска транзиција! Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата.

Наместо 33%, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои индустријата и малото стопанство има увоз од само околу 11 % во првите месеци од оваа година. Ова е најниско ниво на увезена струја, истакна Ковачевски, додавајќи дека со поврзувањето на гасоводите, енергетската независност уште повеќе ќе се унапреди.

„Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, порача Ковачевски.