„Еден отсто од малите потрошувачи и домаќинствата користат 20 отсто од електричната енергија. Се разгледуваат можностите, а Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука, тие да плаќаат струја по повисока цена, бидејќи домаќинство што користи толку струја не троши само за домашни потреби“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој објасни дека цената за електрична енергија што ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи е субвенционирана од страна на државата.

„Тие што плаќаат по субвенционирана цена, а остваруваат одреден профит со таа енергија ќе има тарифни модели за да платат повеќе. На сметка на тоа, други ќе платат помалку“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека надлежните треба да излезат и да кажат за што се користи таа енергија од тие еден отсто кои трошат многу повеќе од останатите.