Костовски: Можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе беше посреќна ако руска фирма ги гради коридорите
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костовски: Можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе беше посреќна ако руска фирма ги гради коридорите

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во ТВ24 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ без причина се обидува да ја кочи изградбата на коридорите. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема интерес да го разгледа Договорот, бидејќи во спротивно ќе одговореа на писмото што Владата го испрати до Собранието.

Костовски истакна дека амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер во интервју спомена дека Бехтел работи законски и транспарентно.

-Можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе беше посреќна доколку руска фирма ги градеше коридорите. Треба да ги прашате што бараат нивните коалициски партнери во Москва, кажа Костовски.

Во одговор на новинарско прашање Костовски рече дека очекува ОЈО професионално да си ја заврши работата и доколку има елементи да поднесе пријава за изборот на надзорот.

-Надзорот како тема беше пробен балон на синхорнизираниот напад на овој стратешки проект, истакна Костовски.

Тој порача дека за четири години и седум месеци граѓаните ќе возат по модерни патишта во должина од 110 километри.

Можеби ќе ве интересира...

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чинат 55.000 евра месечно, да ги вратат парите назад

Vesti +

Изминатото деноноќие произведени 18.568 MWh, немаше увоз на електрична енергија од странство

Vesti +

Апсења на повеќе локации низ Македонија

Vesti +

Ковачевски: Уставни измени по македонски модел за европска иднина!

Vesti +

Министерот Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева

Vesti +

Перфекционизмот го попречува напредокот: Еве зошто наглите промени во навиките не се добри

Vesti +