„Платите во секторот култура од 2017 година наваму се зголемени четири пати и покрај тоа што изминативе две години земајта беше соочена со пандмија. Освен три струки, кои сега се усогласија со минималната плата, сите други во изминативе години имаа покачувања од 2 до 9 илјади денари во просек“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека се надева на договор со репрезентативните синдикати кои бараат усогласување на останатите плати со минималната плата.

„Треба да бидеме разуми и да цениме досега што сме добиле и што имаме. Нашиот предлог беше, времено, на шест месеци да останат платите како што се сега, освен за трите струки кои сега ќе стигант до 18 илјади денари, до моментот кога Владата може да осигура континуитет и зголемување на останатите плати“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека во фаза на формирање се и работните групи за новиот колективен договор во културата, во чија работа ќе бидат вклучени сите засегнати страни.