„Средбите помеѓу работните групи се пријатни за соработка, а постигнатите договори нудат можности за нова соработка, која може да се поврзи со реален производ“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на Клан ТВ.

Таа додаде дека се прават размени на искуства, како и млади уметници кои одат во двете земји. Министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека културната соработка со Бугарија постоела и претоходно, но дека сега се продлабочува и се внесуваат современи елементи.

„Голема е заинтересираноста за соработка, особено во полето на култура и образование. Има заинтересираност од културните работници од сите сфери од Бугарија кои доаѓаат да видат како ние сме организирани и административно и програмски. Тие сакаат активно да учествуваат на наши манифестации“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека преку соработката работните групи ќе ја надминат лошата реторика од изминатиот период која фрли сенка на досегашните односи меѓу државите.