Фејсбук статус на Бисера Костадиновска

Ангелот од Курбиново е конзервиран. Во тек е конзервацијата на ѕидното сликарство, едно од најретките од византиската уметност во светски рамки, во цркавата „Св.Ѓорги“.

Високопрофесионалната конзервација на фрескоживописот на црквата „Св.Ѓорги“, се одвива во соработка помеѓу Завод и Музеј-Битола и реномираниот Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун.
Оваа соработка, прва на институционално ниво помеѓу колегите од двете земји, ни овозможи долгорачна заштита на еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период.

Добиваме резултати, по интензивни вложувања во изминативе 5 години, и достигнувања кои се вредни за меѓународната стручна и домашна јавност. Со ваквиот приод на заштита продолжуваме со афирмација на македонското културно наследво во светот.