На 04.08.2023 година (петок) имаше 29 пожари на отворен простор. Сите се изгаснати, соопшти ЦУК.

Денеска пак се појави пожар на сува трева и ниска вегетација во Кривчева река, во непосредна близина на Свети Николе.

Поради опасност пожарот да зафати неколку викендици и блиските куќи во овој момент полетуваат два хеликоптери на МВР, соопшти Стојанче Ангелов од ЦУК.

Од почетокот на август регистрирани се стотина пожари, па релевантно е прашањето Кој и за какви цели ја пали Македонија?