Среќната боја на паричникот во 2023 година се толкува врз основа на кинескиот календар и фенг шуи. Со оглед на тоа што 2023 ќе биде година на Водениот Зајак, овие нијанси се истакнуваат како магнет за изобилство…

Според кинескиот хороскоп во моментот сме во годината на Водениот Тигар, но на 22 јануари 2023 година започнува лунарната година на Водениот Зајак и ќе трае сѐ до 24 февруари 2024 година.

Годината на Зајакот се смета за исклучително позитивна и просперитетна, освен што заминуваат конфликтите и судирите, носи мир, ги прави луѓето да бидат поотворени, попозитивни, повеќе да се фокусираат на радост, а не само на проблеми.

Годината на Зајакот вообичаено носи ‘ртење, раст и развој. Поради тоа, за некои од хороскопските знаци ова е одлична година за поставување темели на работењето и професионалниот развој. Според фенг шуи затоа е важно да користиме алатки кои би ни помогнале дополнително да ја интензивираме добрата енергија.

Кога станува збор за боите, експертите за фенг шуи истакнуваат дека најсреќни бои за 2023 година ќе бидат црвената и розовата, но и сината и зелената. Можеме да избереме облека во овие нијанси и да ги украсиме домот или канцеларијата со предмети во среќните бои за 2023 година. Сепак, тоа што многумина најмногу ги интересира е бојата која се препорачува за паричникот.

Постојат одредени фенг шуи правила за паричник за да привлечете повеќе пари, а во 2023 година се издвојува црвената како најпрепорачлива боја за изобилство, пари и просперитет. Сепак, најважно е вам да ви се допаѓа тоа што го носите, бидејќи ако не се чувствувате пријатно во врска со тоа, тогаш ништо друго не е важно.

Доколку не ви се допаѓа паричник во црвена боја, во годината на Водениот Зајак може да си купите паричник со темносина боја, бидејќи таа претставува симбол за вода, а и самата вода симболизира изобилство и просперитет. Исто така, во овој контекст може да се користи темнозелен паричник.

Можеби на саканите ќе сакате да им подарите паричник токму за Нова година, па обидете се да го изберете во црвена, темносина или темнозелена боја и не заборавајте да ставите барем малку пари во него – паричникот никогаш не се подарува празен!