Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 250 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 149 санкции, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени биле и три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 15 санкции за управување под дејство на алкохол.

Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.