Фејсбук статус на Дарко Каевски:

Порано или подоцна лагата секогаш се разоткрива, ама денеска ја разоткриваме веднаш.

Еве документи кои ги разбиваат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ околу мојата имотна состојба.

Одамна научивме дека во белиот дворец се нервозни секогаш кога некој ќе открие некакви коруптивни случаи за функционери на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш центарот за манипулации се става во погон, се измислуваат најперфидни лаги како онаа објавена денеска.

Еве го потеклото на фамозната сума на пари која е врз база на договор за купопроджба што ја спомнува ВМРО-ДПМНЕ, а која е уредно пријавена во мојот анкетен лист.

Сега кога се растурени лагите на ВМРО-ДПМНЕ, на ред е Стефче Трпковски да излезе пред јавноста и да даде одговори на поставените прашања, а институциите да почнат постапка по допрен глас.