Еден маж се сомнева дека фотографиите се знак дека неговата девојка се уште има чувства кон бившиот партнер, но за тоа веќе жестоко се расправале, па тој не знае што да заклучи.

“Мојата девојка гледа фотографии од нејзиниот поранешен партнер во нејзиниот мобилен телефон и тоа ме прави да се чувствувам многу непријатно. Се забавуваме неколку месеци и се друго е во ред, освен тоа. Таа вели дека тоа е дел од нејзината историја и поради тоа не сака да ги избрише. Тие раскинале пред седум месеци, но вели дека чувствува дека нејзините чувства кон него прекинале уште пред две години.

Можам да разберам да чува некои групни фотографии, на пример семејни фотографии со него во нив, но не се чувствувам добро знаејќи дека таа чува фотографии од нив заедно и некои фотографии само од него во нејзиниот мобилен телефон. Не чувам фотографии од моите бивши. Кога се обидов да зборувам за тоа, таа почна да ми вика и имавме жестока расправија, па ме интересира што мислите – дали е во ред од нејзина страна“, напишал тој во писмо.

Тој вели дека не знае што да заклучи од сето тоа: Дека сè уште има чувства кон поранешниот партнер, па не сака да се одвојува од спомените и затоа не може да се опушти во врската.

„Едно истражување покажа дека 61 процент од жените чуваат фотографии од своите бивши, за да ги зачуваат спомените што не сакаат да ги заборават. Тоа не значи дека имаат романтични чувства кон бившите, туку само сакаат да чуваат делови од минатото.

Но, постои можност таа сепак да чувствува нешто кон бившиот, се разбира. Обидете се да разговарате со неа смирено и да и објасните зошто ви пречи: Дека ви е тешко да гледате фотографии на кои изгледаат заљубено. „Можеби би ѝ помогнало да ја прашате како би се чувствувала доколку во вашиот мобилен најде слични фотографии со вашата поранешна партнерка“, одговорил тој.

Имено, станува збор за ситуација во која многумина не би знаеле да дадат помудри совети.