На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата.

Р.У. починал на местото на настанот. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.