На 10.11.2026 во 12:20 часот на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 35-годишен жител на струшкото село Велешта.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кој го управувал 35-годишниот маж. При извршената проверка било констатирано дека го управувал возилото иако имал забрана за управување со возило.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.