СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35-годишник од с. Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот упатувал закани по телефон на неговата поранешна сопруга, а на 04 и 05 август отишол на нејзиното работно место, со што постапил спротивно на донесена судска одлука од 25.06.2026 со мерка за заштита од семејно насилство.