На денешната прес конфенреција, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски покрај презентирањето на Програмата во која е предвидена локацијата бул. „Окотмвриска револуција“ потенцираше дека се предвидени содржини за младите.

„ Со изградба на адреналински парк и вело парк ќе овозможиме младите да имаат простор кадешто ќе си ги тестираат границите и ќе излезат од комфорната зона.

Со парк за милениците се грижиме за благосостојбата на домашните миленици, со адаптиран простор, со соодветни елементи за рекреација наменети за домашни миленици. Да ја подигнеме свеста кај сите граѓани за односот кон животните.

Нема повеќе да ги прескокнуваме автомобилите додека пешачиме, децата, возрасните, родителите со колички мора да ги заштитиме од сообраќајниот метеж, а тоа ќе го постигнеме токму со ослободување на пешачките зони и изградба на нови пешачки патеки.“- рече Илиевски