Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за Градоначалник на Куманово на дебата на 21 ТВ истакна дека СДСМ ќе победи затоа што граѓаните препознаваат професионализам.
„Ние сме за професионализам, а не за поделба на граѓаните по некој основ. Треба да вработуваме професионални кадри, а не да ветуваме вработувања предизборно.“- рече Илиевски.

Тој истакна дека Димитриевски ветува 30% вработувања, за директори и управни одбори во ЈП во договор со Алијанса и Алтернатива, каде што денеска излезе слика од меморандумот на Димитриевски и Алијанса и Алтернатива во кој се обврзуваат на тоа.