Хрватскиот научник Иван Ѓикиќ рекол дека коронавирусот не е смртоносен, но дека е исклучително опасен.

„Ковид 19 убива процентуално мал број луѓе, но е екстремно опасен. Психата на луѓето, психата на децата, иднината на децата, сето тоа е зафатено со овој безначајно мал вирус во очите на некои, но во очите на научните податоци, тој е многу опасен вирус кој убива различна популација, го уништува комплетно светот“, рекол Ѓикиќ.

Зборувал и за последиците од непридржување на епидемиолошките мерки против короната.

„Не бевме ни близу до врвот на бранот, мерките кои денес ги носиме ќе ни помогнат да го спречиме оштетувањете на здравјето, но и нарушувањето на школувањето и економијата“’, рекол Ѓикиќ.

Тој додал дека ако ширењето на вирусот не се спречи сега, ситуацијата за две до четири недели ќе биде значително полоша.

Хрватска денес соопшти дека забележала 1.867 нови случаи на коронавирус, додека бројот на активни случаи е 8.394.