Одредени намирници се богати со влакна, протеини и здрави масти, а помагаат и да се ослободите од салото од стомакот.

Еве за која храна зборуваме.

Јајца
Јајцата се одличен извор на витамин Б холин, кој е суштинска хранлива материја која се користи во градењето на сите клеточни мембрани. И, колку повеќе се истражуваат, толку повеќе се гледаат придобивките од оваа храна. Имено, недостатокот на холин е директно поврзан со таложење на висцералните масти, особено во црниот дроб. Една од причините зошто алкохоличарите развиваат замастен црн дроб е тоа што алкохолот ја намалува способноста на телото да преработува холин.

Црвено овошје
Сè поголем број на студии покажуваат дека одредени овошја се добри за ослободување од масните наслаги, а тоа особено се однесува на црвеното овошје како што се цреши, малини, јагоди, лубеници, сливи, праски и нектарини.

Маслиново масло
Јадењето умерено количество незаситени масти, како што се оние кои се наоѓаат во маслиновото масло, авокадото и јаткастите плодови, исто така може да придонесе за ослободување од маснотиите од стомакот. Овие намирници го регулираат хормонот на гладот.