Не само што здравото јадење ви помага да изгубите тежина, туку е и паметен избор кога станува збор за менталното здравје.

Имено, најдобар нутритивен план за превенција од депресија е разновидна исхрана со многу овошје, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, грав и храна богата со омега-3 масни киселини.

„Јадењето неколку порции овошје и зеленчук дневно, заедно со интегрални житарки, посно месо и повремени задоволства е најдобриот начин за поддршка на доброто ментално и физичко здравје во текот на животот“, вели д-р. Фелис Џек.

Одредени намирници можат да помогнат во нашето ментално здравје и се препорачува да се консумира лиснат зеленчук. Храната како кељ, спанаќ и брокула е преполна со витамини и минерали како магнезиум, калиум, фолна киселина и витамин Б-12 за кои се смета дека го подобруваат расположението и ја намалуваат анксиозноста и депресијата.

Јаткастите плодови се исто така на листата, а важни се и здравите масти, имено оние кои се наоѓаат во масната риба, маслиновото масло и авокадото. Имаат антиинфламаторни својства, а исто така се корисни, исто како бобинките – боровинки, малини и јагоди.

Шолја кафе може да го подобри расположението – кофеинот дава моментален поттик, а студиите за кофеинот и депресијата сугерираат дека кафето може да помогне во заштитата од депресија. Според резултатите објавени во јануари 2016 година во списанието Molecular Nutrition & Food Research, 2 шолји кафе имаат корисен ефект врз нашето ментално здравје.