Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија, кому му посака успех во новата мисија во земјата.

На средбата Груби и Гарсија оценија дека пријателството и билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија се на високо ниво и дека пријателството треба дополнително да се продлабочува во сите области.

Неодамнешните политички случувања во земјата и регионот, како и конфликтот меѓу Руската Федерација и Украина, исто така беа дел од разговорот меѓу Груби и Гарсија, пои што беше констатирано дека Република Северна Македонија е на иста линија со демократскиот свет осудувајќи ја руската агресија.

Процесот на имплементација на Охридскиот рамковен договор – нормативниот дел, почитувањето на човековите права и слободи беше дел од разговорот меѓу Груби и Гарсија, а во текот на оваа средба се разговараше и за процесот на пописот на населението, кој заврши минатата година и дека се очекува резултатите да бидат објавени за неколку дена.

На средбаta Груби го информира шпанскиот амбасадор за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Република Бугарија, воспоставувањето дијалог и акцискиот план на работните групи, при што беше констатирано дека поддршката на Шпанија во процесот за интеграција во ЕУ не треба да запре, туку да продолжи во духот на разбирањето.

Груби исто така побара Европската Унија да биде поприсутна во Југоисточна Европа и да ја конкретизира својата политика за проширување и безбедност со итно почнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија.