Министерството за внатрешни работи преку соопштение ги известува граѓаните дека вечерва ќе се снимаат сцени за серија, при што ќе биде употребено огнено оружје.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“ сме известени дека вечерва (21.10.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје ќе се снимаат сцени за серијата, во кои ќе биде употребено огнено оружје“, информираат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да не се плашат доколку слушнат огнено оружје на локацијата.