Градот Скопје го презентираше проектот за БРТ – Системот за брз автобуски превоз
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Градот Скопје го презентираше проектот за БРТ – Системот за брз автобуски превоз

Што претставува БРТ системот на јавен превоз и зошто Градот Скопје го одбра токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје беа главните прашања на кои одговори денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје, што се одржа во хотелот „Хилтон“. На презентацијата присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенингс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефановиќ, генералниот менаџер на израелската компанија РОМ Транспортејшн, Моше Хирш, потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалници и претставници од невладиниот сектор.

– Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје е еден исклучително важен и голем историски чекор напред во урбаниот развој на градот. Целта на денешната презентација е да се обидеме да креираме јасна претстава за јавноста, пред се за граѓаните како главни актери во урбаната мобилност, за тоа што претставува БРТ системот и зошто го одбравме токму овој модел на јавен транспорт како најдобро, најбрзо, најбезбедно и најисплатливо решение за Скопје како главен и најголем град во нашата држава. Со нас денеска се четворица врвни експерти со респектабилен меѓународен углед кои се можеби најдобриот избор на луѓе кои многу добро ја познаваат проблематиката на урбаниот јавен транспорт на патници, со огромно искуство во оваа област од повеќе различни градови во светот. Сакам да замолам внимателно да ги сослушаме со цел да можеме да развиеме една квалитетна интерактивна дискусија подоцна, која, се надевам, ќе расчисти многу дилеми кои се јавуваат во јавноста. Ќе бидам среќен ако успееме да отвориме што е можно повеќе прашања кои на стручно ниво ќе ни ги елаборираат експертите затоа што на крајот на денот овие прашања треба да бидат одговорени заради граѓаните. А, граѓаните имаат право да ги знаат сите информации за тоа на кој начин се развива градот во кој живеат и колку ќе се подобри квалитетот на живот со подобрувањето на урбаната мобилност преку воведување на БРТ во Скопје – рече градоначалникот Шилегов во своето воведно обраќање пред присутните на денешната презентација.
Тој нагласи дека е горд што Градот Скопје почнува нова историја во јавниот транспорт кој ќе гарантира позитивно влијание во заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Според помошник директорот на Европската банка за обнова и развој од Лондон, Ијан Џенингс, ЕБОР секоја година вложува 250 милиони евра во развој на градски транспортни системи.

ЕБОР и Град Скопје веќе соработуваа при набавката на 33 нови МАН автобуси на гас, изработката на акцискиот план за зелен град, како и на Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз. Сега се радувам на соработката при воведувањето на БРТ во Скопје кој е еколошки проект, пристапен за сите граѓани. Ваков проект кој ќе го трансформира превозот во Скопје бара голема посветеност и соработка – рече Џенингс.
За потсетување, со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици. Проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, што подразбира и набавка на возилата.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Каевски: Зголемените инвестициите од членството во НАТО е силен мотив за заложбите кон ЕУ

Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешки цели на државата, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема. -Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност... Прочитај повеќе...

Груби на средба со Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Скопје, 27 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка која престојува во официјална посета на Скопје. На средбата беа оценети континуираниот политички дијалог... Прочитај повеќе...

Три години Македонија во НАТО – најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Денеска се одбележуваат три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Во 2020 македонското собрание го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО. Патот кон зачленувањето на Македонија во НАТО беше тежок и макотрпен. Македонија во 2018-та година мораше... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

ВИДЕО: Заев објави моќно видео на социјалните мрежи – Минималната плата до крајот на оваа година има тенденција да биде 18.000 денари

В+

Опел корса излета од коловозот, младо момче тешко повредено

Vesti +

МОН: Се дистрибуираат новите учебници за основно образование

Vesti +

Средба Петровска – Резников во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Vesti +

Богоев: Пред странски амбасади ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе ги изгласа уставните измени по изборите

Vesti +

Грковска: Треба и мора да има одговрност за сите кои не работат и не постапуваат во согласност со законите

Vesti +