Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол, осум санкции за возач почетник.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.