Веќе четврта година по ред, добрите Black Friday зделки на Ananas не се сведуваат на само еден ден, туку ги има во текот на целиот ноември. Оваа година, фокусот е уште појасен – помалку внимание на големите проценти, а повеќе на цената што навистина ја плаќате.

Онлајн купувањето одамна е дел од секојдневието на генерацијата Z. Младите редовно откриваат нови производи преку социјалните мрежи и следат препораки од инфлуенсерите, рекламите и видеосодржините. Но, во тој голем прилив од информации, тие сè повнимателно проценуваат на што ќе му посветат внимание и што навистина вреди да се купи.

Иако денес е синоним за големи попусти, изразот „Black Friday“ пред шест до седум децении имал сосема поинаква конотација. Полицијата во Филаделфија го користела за да ги опише гужвите, сообраќајниот метеж и хаосот на улиците. Со развојот на трговијата и електронската продажба, Black Friday прерасна во глобален шопинг-феномен и еден од најочекуваните периоди за купување во годината.

Но, токму во период кога големите проценти се насекаде, сè поважно станува прашањето колку навистина плаќаме. Високиот процент на попуст не секогаш значи и добра зделка, особено ако редовната цена била покачена непосредно пред Black Friday. Затоа, паметното купување подразбира следење на цените и фокус на крајната сума, а не само на процентот што стои на рекламата.

Токму на оваа идеја се темели и годинешната Black Friday кампања на Ananas. Од 1ви до 30ти ноември, купувачите ќе можат да следат широка понуда на производи по Black Friday цени, без потреба да го чекаат последниот петок во месецот.

Најавениот период ќе донесе низа можности за купувачите кои сакаат порано да ги изберат подароците за најблиските, да го подготват домот за празниците, да фатат добри зделки или да набават производи што подолго време се на нивната листа со желби.

За младите потрошувачи, предноста на онлајн купувањето е во можноста на едно место да ги разгледаат понудите, да ги споредат цените и полесно да одлучат што најмногу им одговара. Black Friday периодот е и добра можност повторно да проверат производ што подолго време им стои во кошничката, да го испланираат празничното купување или да искористат добра цена за нешто што веќе подолго време го посакуваат.

Со пораката „Не верувај на големи попусти. Верувај на мали цени“, Ananas ги повикува купувачите да гледаат подалеку од големите проценти и да ги препознаат вистинските зделки.