„Имаме план за одржливост во општина Центар. Спремаме тим на луѓе стручни за екологија од невладин сектор и професори кои заедно со општината ќе носат решенија за како да се развива општианта во делот на зеленилото“ кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Герасимовски на дебатата на „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека во иднина со регистарот на зеленило ќе се носи внимателно секое решение за потребната сеча на дрва.

„Ќе направиме тим на луѓе што ќе подготват катастар на дрва што се во самата општина. Така ќе знаеме кои дрва треба да се сечат, а за секое исечено дрво ќе постадиме две нови“ кажа Герасимовски.

Тој додаде дека во изминатите четири години се за пофалба општината и градот Скопје за садење на нови дрва и одржување на парковите.

„Паркот е добро одржуван, има нови стази, се чисти коритото на Вардар, се чистат стазите. Но мора да имаме стручен тим, кој ќе дава насоки за разивање на зеленилото и екологијата во самата општина“ заклучи Герасимовски.