Новиот пункт на Министерството за внатрешни работи каде ќе се вадат документи без закажување е во финална фаза на подготовка.

24инфо.мк доби ексклузивни фотографии кои покажуваат како ќе изгледа новиот простор на МВР.

Како што дознаваме, деновиве се врши тестирање на системот и веќе од следната недела ќе биде пуштен во употреба.

Просторот ќе има 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за нови лични документи.

Во пунктовите е предвидено фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година.

Работното време ќе биде од 8 до 18 часот а локацијата е во населбата Пролет, кај тамошната полициска станица.

Извор и фото: 24info.mk