Насекаде во регионот па и кај нас во изминатиот период се случува зголемување на новодијагностицираните пациенти, а врз основа на застапеноста на новиот делта сој од Ковид 19 вирусот. Ова укажува на тоа дека сме на почеток на еден нов бран, кажа министерот Филипче во денешната изјава за медиуми. Забележано е зголемување на притисокот врз болниците во државата, но не насекаде исто. Во Тетово има најголем број на приеми во инфективното одделение, како и во модуларната болница – тука се хоспитализирани околу 45 пациенти во изминатите неколку денови, од кои според направените епидемиолошки анкети повеќе од пола присуствувале на прослави и на забави. Освен во Тетово, бројот на новодијагностицирани пациенти се многу високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и во уште неколку градови во државата – Куманово, Кичево, Кавадарци, Струмица, меѓутоа во овие градови нема притисок во болниците и во амбулантските прегледи и во хоспитализација на тие коишто треба да се примат на болничко лекување.

-Денеска направивме договор, систем за прием на пациенти коишто треба да се лекуваат болнички од болницата во Тетово ќе се праќаат тука во Скопје за што ќе се отвори вториот спрат на инфективната клиника за што се направи координација на кадарот, тука во Скопје. – кажа министерот Филипче.

Од вкупниот број на примени пациенти во болница околу 150 кои е значајно зголемен во изминатите неколку дена, под 10% се пациенти коишто се целосно вакцинирани и тоа се пациенти коишто се во добра здравствена состојба и истите не се критични. Делта сојот е сој којшто е очигледно доминантен, не само кај нас туку насекаде во регионот и во Европа и за кој е познато и е научно потврдено дека за 60-70% за разлика од алфа сојот, претходниот британски сој побрзо се шири и е детектирана поголема количина на вирусот, таканаречен вирусен лоуд во слузокожата од брисевите на пациентите. Дали таа поголема количина на вирус ќе даде и потешка клиничка слика, односно дали пациентите коишто ќе заболат од делта вирус ќе имаат потешка форма на ковид сеуште не е истражено и за тоа допрва ги чекаме клиничките студии.