Косовската влада воведе забрана за трговија со електрична енергија со компании што имаат директна или индиректна сопственичка поврзаност со Србија. Одлуката беше донесена на 16 ноември, а денеска продолжуваат реакциите за нејзините последици.

Покрај забраната, Владата одобри 60-дневни вонредни мерки во енергетскиот сектор, поврзани со обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија и потребните прекугранични преносни капацитети.

Приштина ја образложува мерката со претходните ограничувања во прекуграничната енергетска размена со Србија. Новиот режим може да влијае врз регионалниот пазар и договорите за набавка на струја.