Др. Мајкл Мозли во подкастот на BBC Radio 4 се осврна на темата за мокрење. Тој откри дека оваа физиолошка потреба може да сигнализира дали пиете премногу или премалку вода.

„Ако одите во тоалет пет или шест пати на ден, веројатно ја пиете вистинската количина на течности. Ако уринирате само три или четири пати на ден, веројатно не пиете доволно, а ако треба да уринирате повеќе од седум или осум пати, тогаш веројатно пиете премногу вода“, објасни тој.

Водата е важна затоа што го подобрува целокупното здравје, а одржувањето на хидратацијата влијае на нашето внимание, расположение, здравјето на кожата, па дури и губење на тежината.

„За повеќето од нас е доволно да се напие чаша вода со секој оброк“, вели др. Мозли.

Постојат и европски упатства според кои мажите треба да пијат околу два литри вода дневно, а жените 1,6 литри.

„Тврдењето дека ни требаат осум чаши вода дневно датира од 1945 година, кога беше препорачано од Одборот за здравје и исхрана на САД. Не се заснова на никакво истражување “, тврди тој.