На 29.06.2022 во ОВР Струга било пријавено дека на брегот на Охридското Езеро, кај струшкото село Калишта, биле пронајдени две стари гранати.

Увид и обезбедување на местото извршиле полициски екипи, а гранатите ќе бидат подигнати во текот на денот од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.