На 13.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека на трибина на Градскиот стадион „Тумбе Кафе“ во Битола биле пронајдени артилериски гранати.

Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за две артилериски гранати со калибар 75 мм и една артилериска граната со калибар 105 мм од Првата светска војна.