Демократската унија за интеграција оценува дека Албанците едногласно сметаат дека ВМРО- ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се антиалбански и антиевропски настроени, како што тоа го докажале со своите постапки и го правеле во минатото.

Демократската унија за интеграција повеќе пати предупредуваше на антиалбанизмот што го практикуваат ВМРО- ДПМНЕ и Мицкоски на локално ниво преку општините што тој ги предводи, па затоа апелираше итно да престанат овие акции и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ да се врати на прав пат, онака како што бараат граѓаните.

Дека ВМРО- ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се и антиевропски јасно го покажува нивниот пристап кон државните интереси и во овој случај ставање на партиските и личните интереси на прво место и неразмислувајќи во ниту еден момент за иднината на граѓаните и државата, како што бараат и нашите меѓународни пријатели.

Демократската унија за интеграција смета дека во редовите на ВМРО- ДПМНЕ има личности кои размислуваат поинаку од првиот човек на партијата, затоа апелира уште еднаш ВМРО- ДПМНЕ да размисли за ставот што треба да го заземе за процесот на уставните измени, за да земјата не се изолира и да не се враќа многу години наназад.