Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог.

Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.