На 10.11.2026 година, околу 20:40 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесена 32-годишна жена од Скопје со тешки телесни повреди од изгореници.
Според пријавеното, жената се здобила со изгорениците во селото Орешани, скопско, додека се обидувала да запали оган со бензин.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.