Денеска се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчeв.

Гоце Делчев бил роден на 4 февруари 1872-ра година во Кукуш. Тој се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

До 1901-ва година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија, а убиен бил на 4 мај 1903 година од турската војска во селото Баница.