Денес ќе биде натпросечно топло, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер (со брзина и над 70 км/час), што ќе продолжи и во следните денови.

Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне.

Прогноза за 19.09.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 34°C
Претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Попладне умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 20.09.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 21.09.2021
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 32°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.