Новиот закон што ќе стапи на сила во Данска ќе им забрани на осудените криминалци да зборуваат за нивните злосторства и ќе им биде дозволено да разговараат само со луѓе што ги знаеле пред да одат во затвор, преку писма или телефонски повици.

На затворениците кои издржуваат доживотни казни во Данска, исто така, ќе им биде забрането да влегуваат во нови романтични врски.

Според новиот закон воведен од данската влада, затворениците ќе бидат ограничени на контакт само со луѓе со кои биле блиски во првата деценија од затвор.

Законот од шест точки беше предложен од министерот за правда Ник Хекеруп, кој се надева дека забраната ќе го спречи подемот на „групите“ (луѓе, најчесто жени, кои бараат љубовна или сексуална врска со славна личност).

Овие лица контактираат со затворениците и сакаат да воспостават долготрајни, романтични врски со осуденици дури и за најтешките злосторства.

– Денес, можно е осудените лица да пишуваат, да се јавуваат и да примаат посети од луѓе со кои биле во контакт за време на престојот во затвор. Ова им овозможува, на пример, на доживотните затвореници да имаат нови односи додека ја издржуваат казната – објасни министерот.

Затворениците повеќе нема да можат да поминуваат време на романтични состаноци преку Интернет или да зборуваат за нивните злосторства на социјалните мрежи и ќе бидат ограничени на писма или телефонски контакти само со луѓе што ги знаеле пред да одат во затвор.

– Во последниве години, бевме сведоци на несоодветно однесување на затвореници кои извршиле ѕверски злосторства, бидејќи тие се контактирани од многу млади луѓе со цел да ја добијат нивната симпатија и внимание – предупреди министерот Хекеруп.

Тој нагласи дека ова конечно мора да се запре. Затоа владата сега излегува со шест конкретни иницијативи кои во основа ги ограничуваат можностите доживотните затвореници и одредени затвореници да стапат во контакт со надворешниот свет.

Идејата за ваков закон дојде по откривањето дека една жена се заљубила во „убиецот од подморницата“, Петер Мадсен, кога имала само 17 години.

Камила Курштајн рече дека се заљубила во Медсен откако размениле писма и разговарале по телефон во период од две години.

Медсен беше осуден во 2017 година за убиство на новинарката Ким Вол во нејзината подморница кога отиде да направи интервју со него.

Подоцна го распарчил нејзиното тело и го фрлил во морето. Тој беше осуден на доживотен затвор во 2018 година.

Законот беше испратен на консултации во средата, а ќе стапи на сила на 1 јануари следната година.