Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно податоце од УХМР, информира дека се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но се уште треба да се внимава. Особено е важно превентивно да се предупреди за внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, не само заради можни локални врнежи, туку и заради досегашни видливи и невидливи оштетување на патиштата од досегашните порои, а и поткопувањето на бреговите на реките и поројните суводолици, што по протекувањето на поројната вода по нив сега дел се суви. Потробно е да се внимава и на одрони.

Информациите од УХМР говорат дека во текот на изминатата ноќ и изутринава се уште е значително висок водостојот во горниот дел од сливот на р.Вардар, а очекувано зголемен е водостојот на реката на низводните профили во Велес и Демир Капија. Во Скопје пикот на реката е забележан 1 час после полноќ (во 01:00 часот на 18.06.2023) и изнесуваше H=195 sm, а изутринава веќе бележи намалување за 20 sm. До крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на р.Вардар во горниот дел од нејзиното течение додека во средниот и долниот дел од течението да има зголемување на водостојот. Исто така, изутринава е забележан и минимално зголемен водостој на р.Лепенец. Сите останати водостои низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден. Сеуште посочуваме на внимателност во сливот на р.Вардар, каде во средниот и долниот дел од течението ќе има висок водостој во текот на денот.

Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но се уште треба да се внимава. Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, како што и УХМР препорачува.