Позициите со ВМРО-ДПМНЕ не се до толку далечни, кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ24.

-Добивме јавно поддршка од Христијан Мицкоски за уставните измени, за кои претходно беше кажувано дека овој парламентарен состав нема теоретски шанси да ги донесе. Втората работа е за уставните измени со одложено дејство. Ние рековме да, но со одложено дејство до втората меѓувладина конференција, а не до зачленувањето, бидејќи тоа е невозможно зашто преговарачката рамка е таква. Третата работа е што тие прифатија да влезат во Влада. Коинцидираше понудата за влез во Влада со прифаќањето за уставните измени. Тука имаше и барање и ДУИ да излезе и најкоректно добија одговор дека ќе излезат, рече Богоев.

Тој додаде дека после лидерската средба имало позитивна политичка атмосфера.

-Но, што се случи потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, односно зошто се измислуваа нови услови, а сето тоа следуваше по нападите од Левица за предавство, рече Богоев.

Според него добро е што се признал и легитимитетот на Собранието дека може да ги донесе уставните измени.